Снопче: Филипче си замина поради Алтернатива, а не поради пожарот

by Фокус

Халил Снопче, пратеник од Алијанса на Албанците, на денешната собраниска седница за избор на нова влада истакна дека мандатарот Димитар Ковачевски понудил програма која, како што рече, и самиот е свесен дека нема да може да ја реализира.

Воедно, Снопче ја критикуваше актуелната власт на СДСМ и ДУИ во повеќе сегменти, вклучително и во делот со корупцијата и владеењето на правото.

-Има се повеќе корупција – рече тој, споменувајќи го и пуштањето од притвор периодов на многу бизнисмени и поранешни политичари.

Исто така, Снопче посочи и на лошото менаџирање со здравствениот систем и пандемијата со ковид 19, посочувајќи дека претходниот министер за здравство Венко Филипче се повлекол поради погрешна причина.

-Тој не си замина поради морална одговорност после пожарот во модуларната болница во Тетово, туку кога се направи договор местото да го земе Алтернатива – рече пратеникот на АА.

Поврзани новости