Снимка од 27 април: По говорите на Бетмен и Дамовски толпата влегува во Собранието

by fokus

Говорите на Богдан Илиевски-Бетмен и на Борис Дамовски од пред Собранието на 27 април во моментот се презентираат во Кривичниот суд.

-Денес бараме од вас силно и прецизно и многу бучно да им кажете дека оние кои на сила се најдоа внатре на сила можат и да излезат”, вели Илиевски.

Дамовски пак вели: “Не сме тука 60 дена да ги трпиме измамниците. Денеска од говорницата се пееше друга химна”, вели Дамовски.

Набрзо по нивните говори толпата се упатува кон влезот на Собранието. Во првите редови се гледаат Никола Митровски -Кољо, Захарие Симовски, Вилијам Михајловски и други. Толпата се обидува да влезе во Собранието, а меѓу луѓето има и лица со фантомки.

-На снимката се гледа како службените лица кои стојат на влезот ги истуркуваат на страна, по што толпата влегува внатре во Собранието, појаснуваше обвинителката Ивана Трајчева.

Откако толпата  влегува во Собранието се упатуваат во собраниската сала, каде што говор држи актерот Владо Јовановски, качен на маса, а до него стои оперскиот пејач Игор Дурловски.

Поврзани новости