Славески: Не е време за даночна реформа

by fokus

Во вечерашното гостување во дебатната емисија „24 Анализа“ на Телевизија 24 гостување членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески каде посочи дека воопшто не е погоден моментот за нова даночна реформа заради неколку причини.

-Прво соочени сме со голема неизвесност, ние не знаеме што ќе се случи, нели како македонската економија ќе се снајде во наредниве неколку 4 месеци претстојната зима затоа што најавите со енергетската криза не се воопшто поволни, рече Славески.

Славески додаде дека доколку состојбата продолжи како што и најверојатно ќе продолжи дека ќе имаме сериозен удар во економијата.

-Второто нешто е тоа што реформа е хендикеп да се прави кога немате поддршка од значителни фактори во општеството. Сега стопанските комори се изречито против ова што го предлага министерството за финансии, кажа Славески.

Поврзани новости