ЕМА ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

by fokus

Европската агенција за лекови (ЕМА) ја препорача бустер вакцината против варијантата омикрон на коронавирусот БА. 4/5, неколку дена откако одобри две вакцини против постарата варијанта БА.1.

Станува збор за т.н двовалентна вакцина на Фајзер и Бионтек, која ги таргетира и BA. 4/5 и оригиналниот вид на коронавирус кој првпат се појави во Кина во декември 2019 година.

Додека постоечките вакцини обезбедуваат добра заштита од хоспитализација и смрт, со еволуцијата на вирусот, нивната ефикасност во заштитата од инфекција се намали. Претходно овој месец, EMA ја одобри вакцината на Фајзер/Бионтек и Модерна против варијантата БА. 1.

Поврзани новости