Скопје ќе донира уметнички дела во Грција за катастрофалните пожари во Атина

by fokus

Под иницијатива на уметникот, Зоран Кардула, во понеделник во КИЦ ќе се одржи изложба на уметнички дела, собрани од „Донирај уметност“.

Пред речиси еден месец, областа на Атина беше опожарена и опустошена, а пламените јазици одзеде 80 животи.

Оваа иницијатива произлегува од примерот на грчките уметници кои донираа уметнички дела по катастрофалниот земјотрес во Скопје, а овие уметнички творби ќе ги однесе Град Скопје до Атина.

 

Поврзани новости