Мијалков ги посоветува обвинителите и адвокатите да не се нервират: Стресот е лош советник!

by fokus

На паузата од судењето за Таргет и Тврдина, кога советот се повлече да одлучи по приговор на одбраната, дека СЈО не било надлежно да постапува по овој случај, продолжи правната расправија меѓу обвинителката Ленче Ристовска и адвокатот Петар Василев.

Додека двајцата се убедуваа дали одбраната имала право да приговара во оваа фаза или не, односно при давање на воведен говор, низ судницата лежерно се прошета обвинетиот Сашо Мијалков, кој патем со насмевка рече: “Не се нервирајте, стресот е лош советник”.

По паузата судијката Џанета Бегтовиќ истакна дека приговорот на одбраната е одбиен.

Поврзани новости