Скопјанец се обидел да си ја запали куќата

by fokus

Скопјанец бил пренесен во болница, откако претходно бил лишен од слобода, бидејќи се однесувал агресивно и се обидел да си ја запали куќата во Ѓорче Петров.

„На  11.02.2019  година во 21.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, шест лица од од ул. „Шар Планина“, пријавиле дека нивниот сосед П.С.(29) агресивно се однесувал и кршел во својата куќа и се обидел да ја запали. П.С. бил лишен од слобода и со возило на Итна медицинска помош бил однесен во болница. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Поврзани новости