Шпанија надмина над 813.000 заразени со Ковид-19

by fokus

Шпанија стана првата западноевропска земја што надмина вкупно 800.000 случаи на инфицирани со новиот коронавирус. За време на викендот биле регистрирани нови 23.480 заразени.

Вкупниот број достигна 813.412, додека бројот на смртни случаи е 32.225. Дневните смртни случаи сега се на највисоко ниво од почетокот на мај, но далеку под рекордот од крајот на март од близу 900.

Шпанската Влада нареди овој месец блокада во главниот град Мадрид и околните области сериозно погодени од коронавирусот по зголемувањето на случаите.

Светската здравствена организација кон крајот на септември соопшти дека европските земји бележат „алармантно зголемување на бројот на заразени со Ковид-19“.

Поврзани новости