Шестмина повредени во експлозија во зграда во Турција

by Фокус

Шест лица се повредени во експлозија на котел за греење во станбена зграда во градот Шанлиурфа во областа Акчакале во Турција.

Експлозијата се случила рано утрово и од нејзината јачина на урнал таванскиот дел на подрумот и се искршиле прозорците на становите во петкатницата.

Шестемина повредени се пренесени во болница. Според локалните власти, не се работи за животозагрозувачки повреди.

Поврзани новости