755
Шест деца и нивните мајки, со симптоми на корона вирусот, се примени на лекување во болницата Козле, каде што се во исчекување на нивните резултати.
Ова може да се заклучи од денешниот извештај на Министерството за здравство, во кој се регистрирани нови 37 заразени од Ковид-19.
-Хоспитализирани се 2 деца и 1 мајка позитивни на Ковид-19, како и 6 деца и 6 мајки суспектни на вирусот, велат од Министерството за здравство.
Од таму потенцираат дека веќе во оваа болница, освен мајките со деца, не се лекуваат други возрасни пациенти заразени со Ковид-19.