Шекеринска: Вака ја личи Армијата, со нови униформи

by fokus

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, на социјалната мрежа фејсбук објави фотографина од армијата, до која напиша: “Вака ја личи Армијата – со нови униформи. Честитки!”

Денеска во касарната “Илинден” беа промовирани новите униформи.

Шекеринска им посака на припадниците на Армијата да ги носат новите униформи со чест и достоинство и како силно и секојдневно потсетување дека посветената работа секогаш носи резултат. Здравствената криза, како што нагласи, не ги намали инвестициите во одбраната.

„Моите заложби секојдневно, и покрај вонредната состојба, беа да се реализира една од покрупните набавки што ги преземавме заедно со оклопните возила, а тоа беше набавка на нови униформи и тие се веќе наша реалност, токму како што доликува на припадници на Армија членка на НАТО. Заедно ја испишавме влезницата за НАТО, заедно го вративме достоинството во оваа професија“, рече Шекеринска.

Поврзани новости