Шекеринска: Да го зголемиме бројот на доброволци во АРМ

by fokus

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска присуствуваше во велешката касарна ,,Алексо Демниевски – Бауман“, каде што 32. генерација војници доброволци, даде свечена заклетва. Во оваа прилика, министерката рече дека ќе работи на зголемување на бројот на доброволци во АРМ.

-Доволно сум возрасна да се сеќавам на едни вакви полигони, но кои што беа многу пополни, кога се отслужуваше редовно обврзан воен рок. Сакам да го зголемиме бројот на наши млади, кои што ќе изберат и доброволно да го служат рокот и кои ќе изберат кариера токму во Армијата на Република Македонија. Со Вашиот избор ни давате сила да продолжиме да го зголемуваме интересот, рече Шекеринска.

Таа додаде дека со овој нивен избор им се отвора вратата, како и на многумина од нивните претходници, да можат да продолжат како професионални војници во редовите на АРМ.

Поврзани новости