Секој трет жител на Њу Делхи е позитивен на Ковид-19

by fokus

Речиси секој трет граѓанин на главниот град на Индија, Њу Делхи, кој беше тестиран оваа недела, е позитивен на корона вирусот, јави Би-би-си повикувајќи се на локалните медиуми.

Наведено е дека просечната стапка на позитивни е 30,5 проценти во однос на бројот на тестирани. За споредба, таа стапка во цела Индија е околу седум проценти, покажуваат податоците на здравствените власти.

Бројот на новозаразени во Њу Делхи во последните неколку недели рапидно расте, а повеќе од 40.000 луѓе во градот во моментов се заразени со коронавирусот.

Со повеќе од 330.000 потврдени случаи на коронавирус, Индија се наоѓа на четвртото место во светот по бројот на заразени.

Поврзани новости