Сефер Цаноски се ожени во Истанбул: Јас без љубов не можам да функционирам!

by Фокус

Познатиот бизнисмен и сопственик на ФОН Универзитетот, Сефер Цаноски, со својата избраничка Сезен Баш направи свадба во Истанбул, Турција. Тој објави дел од свадбената фотосесија на својот фејсбук. Под фотографиите на кои позира со Сезен облечена во невестински фустан и вел, тој и порача да танцува со него до крајот на животот, според стиховите на хитот од Леонард Коен.

„Мојот нов животен сопатник, мојата Сезен, мојата сопруга“, напиша покрај другото Цаноски.

-Моментално се случува нашата свадбена веселба, на брод кој што плови на Босфор. Многу сме среќни со Сезен, сите детали за нашата веселба ќе ги споделиме со читателите на ,,Фокус’’ по завршувањето на веселбата, утре – ни изјави Цаноски.

Веста дека Сефер се разделил со сопругата Лејла, ќерка на бизнисменот Велија Рамковски, со која беше во брак околу десет години, предизвика изненадување во јавноста пред неколку месеци. Веднаш потоа тој за ,,Фокус’’ раскажа дека е во врска со Сезен, која живеела во Турција, каде што случајно се запознале, на една од улиците на Таксим, додека пиел кафе. Тој не го криеше воодушевувањето од убавата банкарка, и уште пред два месеци ни изјави дека наскоро ќе ја ,,прави’’ нова снаа во фамилијата.

-Без љубов не може да се живее, да се функционира и да се работи. Љубовта со Лејла згасна пред неколку години, а лани одлучивме да се разделиме. Двајцата продолживме со животот и ја фокусиравме енергијата на нашите две деца. Останавме пријатели, а со семејството Рамковски сум во секојдневен контакт – беше искрен Цаноски.

За својата нова љубов ни кажа дека таа е вистинската, современа жена, искрена и културна, и поради нивната љубов дошла да живее во Македонија.

-Сезен остави се за да дојде во Македонија. И на двајцата ни се случи љубов на прв поглед, се пронајдовме двајцата во 20 милионскиот Истанбул – ни раскажа бизнисменот неодамна.

Вики Клинчарова

Поврзани новости