Седум земји од ЕУ се „високо загрижувачки“ поради зголемување на смртноста од Ковид-19

by fokus

Седум земји од Европската унија – Шпанија, Романија, Бугарија, Хрватска, Унгарија, Чешка и Малта се „високо загрижувачки“ поради зголемувањето на смртноста од Ковид-19, предупреди денеска Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ЕЦДЦ).

Во најновиот извештај на Агенцијата на ЕУ, со седиште во Стокхолм, се наведува дека овие земји „го зголемија процентот на хоспитализирани и тешки случаи“ и „веќе доживуваат растечка или висока стапка на смртност“ поради ширењето на коронавирусот кај постарите луѓе.

Поврзани новости