615
Денеска, во 15 часот, Владата ќе оддржи седница на која треба да се донесат одлуки и за полицискиот час кој го предлага Комисијата за заразни болести.
Комисијата предлага полициски час од 22 часот до 5 часот наутро за градовите Скопје, Куманово, Тетово и Штип.
-Со почеток во 15:00 часот, Владата на Република Северна Македонија ќе одржи седница. За заклучоците од седницата ќе информираме со соопштение по нејзиното завршување, велат од Владата.
Во 16 часот пак е најавена прес конференција на министерот Венко Филипче, на која е можно да се кажат дел од заклучоците на Владата.
-Ве известуваме дека министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, претседателот на Комисијата за заразни болести, прим. д-р Жарко Караџовски и директорот на Центарот за јавно здравје – Скопје, д-р Арбен Зибери, денескa, во 16:00 часот, ќе одржат прес-конференција, информираат од Владата.