Се подготвува затворање на Шенген границите

by fokus

Според информациите на Фајненшл Тајмс (ФТ), европските власти се подготвуваат да прогласат затворање на границите на Шенген зоната поради пандемијата Ковид-19.

Според изворите на ФТ, информацијата ќе биде потврдена попладнево во Брисел.

- Advertisements -

Оваа одлука би значела дека сите патувања во Шенген зоната од трети земји кои не се итни или неопходни ќе се забранат. ФТ додава дека ова прашање се разгледува откако е констатирано големо зголемување на случаите на зараза со коронавирусот во земјите од Шенген зоната последните денови.

Одлуката треба прво да ја одобрат земјите членки, останува отворено и прашањето на земјите членки на ЕУ кои не се дел од Шенген, како Хрватска, Ирска, Кипар, Романија и Бугарија.

Шенген зоната брои 22 земји членки, повеќето членки на ЕУ, плус Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн.

Забраната би предвидувала исклучоци за граѓани на ЕУ и лица со легален престој во Шенген како и за членови на нивните семејства. Исклучоци се предвидуваат и за медицински работници.

Според ФТ утрово Макрон и Меркел разговарале за оваа мерка по телефон заедно со другите шефови на држави и влади. Весникот додава дека Макрон бил гневен поради одлуката на некои земји членки да ги затворат своите граници внатре во Шенген зоната и побарал заедничко европско решение.

Информацијата би требало да биде соопштена попладнево по видеоконференцијата на лидерите на Г7.

Поврзани новости