Се отвора телефонска линија за психолошка поддршка на неколку групи граѓани поради коронавирусот

by Fokus

Скопската Клиника за психијатрија ги информира граѓаните дека во наредниот период, во врска со новонастанатата ситуација со COVID 19, ќе организира дополнителна телефонска психолошка поддршка за оние граѓани и ранливи групи на пациенти на кои овој вид помош им е потребна и тоа:

1. Психолошка поддршка на родители на деца на предучилишна и училишна возраст – тел. 072912676

2. Психолошка поддршка на возрасни лица во самоизолација – тел. 072919009

3. Психолошка поддршка на граѓаните на општина Дебар и општина Центар Жупа, во соработка со Општа Болница Дебар тел. 070 241 807

4. Пациентите закажани во Мој Термин за психолошко советување и психотерапија во закажаниот термин ќе бидат контактирани од страна на психолог и ќе се спроведуваат телефонски, со можност за видео врска на некоја од интернет мрежите (по договор).

5. Психолошка поддршка на хоспитализирани пациенти поради COVID-19 , во соработка со ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби

Граѓаните можат да се јавуваат на овие телефони од 9 – 16 часот, од 17.03.2020.
ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија Скопје

Поврзани новости