СДСМ денеска рамо до рамо со граѓаните на Охрид, Дебарца и Дебар

by fokus

СДСМ денеска ги продолжи теренските активности ширум државата. Претседателот на партијата, Димитар Ковачевски и генералниот секретар Миле Зечевиќ Вардарски денеска беа со граѓаните на Охрид.

Претседателот Ковачeвски на маалска средба со граѓаните рече дека овој викенд, раководството на СДСМ на работилница токму во Охрид, донесе одлуки за повеќе важни, клучни иницијативи за иднината на земјата кои ќе бидат имплементирани во наредниот период.

– СДСМ ќе ја преводи иницијативата за продолжување на патот кон Европа, да се направат сите неопходни реформи и уставни измени кои се неопходни. Патот кон Европа мора да продолжи и нема да дозволиме да биде блокиран од евтиниот популизам и непромисленоста од лажните националисти. Рамо до рамо со вас, граѓаните, ќе продолжиме да се бориме за подобро утре и да ја завршиме работата, затоа што тоа им го должиме на сегашните и иднинте генерации. Надежта за европска иднина е жива, рече Ковачевски.

-Преку разговор, заедничка решителност, со труд, со работа, со посветеност да се бориме за подобро утре. Рамо до рамо, до нова победа. Знаеме колку е важна европската иднина. СДСМ го води овој процес, затоа што СДСМ е партија на народот, која државотворно се однесува денеска како и во сите премрежја од современата македонска историја. Знам дека не е лесно, предизвици има многу. Но, заедно сме поминале и многу потешки периоди. Мора заедно да истраеме, мора заедно да се бориме. Да продолжиме напред, силно и одлучно. Да го мобилизираме целото општество околу европскиот концепт, да ги изодиме сите чекори и заедно да обезбедиме нова победа за европска република, рече Зечевиќ.

На маалски средби со граѓаните на Дебарца беа секретарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ, членката на ЦО, Славица Грковска и членката на Извршниот одбор Мелиса Ценоска Серафимовска.

Почетокот на преговорите со ЕУ носат директни придобивки за граѓаните. Само по два основи добивме помош од ЕУ вредна 180 милиони евра, рече секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ.

-На почеток на годината, ЕУ одлучи да ни додели 100 милиони евра за фискална одржливост и структурни реформи. Веќе е достапна и буџетската помошта и од 80 милиони евра за справување со енергетската криза, односно за антикризни мерки што Владата ќе ги преземе во текот на оваа година. Јасно е кој стои зад нас во тешки времиња, рече Маричиќ.

Во Дебар, рамо до рамо со граѓаните биле социјалдемократските тимови, членката на Централниот одбор, Каја Шукова и членот на Извршниот одбор, Андреј Петров.

Поврзани новости