Охрид ќе ги пречека гостите за Велигден со 30 проценти поскапи цени

by fokus

Охрид гостите за Велигденскиот празничен викенд ќе ги дочека со повисоки цени.

Хотелиерите велат дека услугите и аранжманите оваа сезона ќе бидат зголемени за над 30 проценти.

Поскапувањето е поради високите цени на производите,енергенсите, а најмногу на повисоките плати за персоналот кои газдите мора да ги обезбедат за да ги задржат работниците.

– И покрај поскапувањето на хотелските услуги, земјава останува најевтина дестинација во регионот. Уште стоиме како една поевтина дестинација. Покрај сите поскапувања кои ги имаме на Балканот сме уште една од поевтините дестинации. Нема повеќе 20 и нешто евра за ноќевање, туку е 30 и нешто евра, а некаде и повеќе. – вели Крсте Блажески претседател на ХОТАМ, пренесува телевизија 24.

Замрзнувањето на цените на прехрамбените производи според нив нема да ги намали цените бидејќи трошоците како резултат на енергетската криза се зголемени.

И покрај поскапувањата и кризата во Охрид се очекува огромен број на туристи.

Поврзани новости