СДММ Неготино: Наместо закани, директорката да обезбеди греење за учениците!

by fokus

По повод настаните со ученикот од СОУ Свети Кирил и Методиј Неготино, кој што донесе електрична греалка во училницата, и најавените дисиплински мерки против него, денес ЛК СДММ Неготино одржа прес конференција во која што посочи дека директорката во гимназијата не треба да им се заканува со казни на учениците, туку треба да обезбеди соодветни услови за одржување на наставата.

,,Директорката на училиштето СОУ Св. Кирил и Методиј не смее да им се заканува на учениците и родителите кои проговорија за нехуманите услови во училиштето. Таа е должна да обезбеди греење и пристојни услови за учење.

На температури кои достигнаа и до минус дваесет под нулата учениците беа приморани да седат на часови во студени училници, со јакни, шалови и ракавици на себе. Учениците носеа сопствени грејни тела, со цел да се стоплат, бидејќи надлежните од училиштето, локалната власт и МОН не презедоа ништо за решавање на овој проблем.

Кога учениците јавно проговорија за овој проблем, директорката на училиштето наместо да преземе конкретни мерки за решавање на ситуацијата, таа се одлучи да упатува закани кон средношколците со цел да ги замолчи.

Директорката на училиштето, Министерството за образование, и локалната власт се должни да овозможат нормални, човечки услови за следење на наставата во училиштето’’ – посочи Дане Мајсторчев, претседател на ЛК СДММ Неготино.

Вики Клинчарова

Поврзани новости