Груевски со своја верзија зошто пропаднале преговорите со ДУИ

by fokus 19:46
19:46

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ демантира дека ја прифатил заедничката албанска платформа и дека преговорите за коалиција со ДУИ пропаднале поради неусогласеност за продолжување на мандатот на СЈО.

Главните разлики, според ВМРО-ДПМНЕ, биле околу барањето на ДУИ за измени на законот за употреба на јазиците.

-Во разговорите со ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ беше изрично против воведување на двојазичност на целата територија, а покажавме интерес да се води дискусија околу одредени идеи за унапредувања на законот за употреба на јазиците во оние општини каде живеат етнички заедници различни од македонскта во висина од најмалку 20 осто во рамките на општината, прашање за што исто така имаше многу разлики, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно пак, портпаролот на ДУИ, Бујар Османи во интервју за Телма рече дека со ДПМНЕ се согласиле со скоро сите барања од албанската платформа, меѓу кои е и официјализирањето на албанскиот јазик, но преговорите пропаднале поради неусогласеност околу продолжувањето на мандатот на СЈО.

Поврзани новости