Лајчак и Рикер разговараа за дијалогот меѓу Белград и Приштина околу Косово

by Фокус

Специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, денес во Брисел разговраше со шефот на Бирото за Стејт департмент за Европа и Евроазија, Филип Рикер, околу соработката во процесот на дијалог Белград-Приштина.

„Завршувајќи ја оваа недела, се сретнав со официјалниот претставник на Стејт департментот, Фил Рикер. Разговаравме за настаните во Западен Балкан и за блиската соработка меѓу САД и ЕУ во дијалогот меѓу Белград и Приштина“, напиша Лајчак на Твитер.

Најавувајќи ја средбата со Лајчак, Рикер синоќа изјави дека Соединетите држави ќе продолжат да го поддржуваат и да бидат вклучени во процесот што преку ЕУ го водат Косово и Србија во Брисел.

Поврзани новости