ДС ги осуди нападите врз новинари и побара брзо откривање на напаѓачите

by Фокус

Демократскиот сојуз на Павле Трајанов го осудува физичкиот напад на новинарот Љупчо Златев и заканите кон новинарката Мирослава Бурнс, притоа повикувајќи ги надлежните органи да ги откријат напаѓачите и жестоко да ги казнат.

„Брзото откривање на сторителите е од највисок интерес зашто во двата случаи е јасно дека станува збор за загрозување на слободата на печатот и обид за замолчување на истражувачките новинари кои откриваат злоупотреби на функционерите на власта, корупција и организиран криминал. Нападите против новинарите не се својствени за демократско општество и за држава која треба да ги отпочне преговорите за членство во Европската унија поради што ги повикуваме политичките елити од власта и опозицијата да престанат со сатанизирачкиот политички вокабулар кој за радикалните поединци и недопирливи структури од подземјето е сигнал за физичка пресметка со неистомислениците“, соопштија од ДС.

Поврзани новости