Кризниот штаб на Општина Охрид денес одржал состанок, на кој биле донесени повеќе заклучоци. На истиот присуствувал и раководителот на Подрачната единица на Државен инспекторат во Охрид.
Од таму информираат дека поради зголемениот број на посетители во Охрид, инспекторите на Државниот пазарен инспекторат заедно со екипи на СВР Охрид и претставници на Инспекторатот при Општина Охрид спроведуваат 24 часовни контроли на сместувачките капацитети и се врши санкционирање на оние капацитети и станоиздавачи кои ги прекршуваат препораките и уредбите на Владата на Република Северна Македонија, во делот на туристичката дејност и во насока на превенција од корона вирусот.
-Веќе се работи на зголемување на подготвеноста на капацитети од здравствениот систем во Охрид, при евентуален поголем прилив на заразени од Ковид -19, доколку бидат исполнети капацитети на Инфективната клиника во Битола и болничките капацитети во Скопје.
По завршување на продолжениот викенд ќе се врши интензивна дезинфекција на улиците, јавните површини и станбените објекти на територија на Општина Охрид.
Кризниот штаб на Општина Охрид упатува апел за максимално почитување на препораките за заштита од Ковид -19-известуваат од штабот.
Вики Клинчарова