Речиси 100.000 граѓани заразени со Ковид-19 во Русија

by fokus

Русија за 24 часа се регистрирани 5.841 нов случај на корона вирус, најмногу во еден ден, со што вкупниот број на заразени порасна на 99.399.

Како последица на вирусот починаа уште 108 лица, а од епидемијата во Русија вкупно починаа 972 луѓе, при што излечени се повеќе од 10.000 лица.

Според податоците на надлежните служби, речиси 45 отсто од новозаболените немаат никакви симптоми.

Во светот се потврдени 3.138.895 случаи на инфицирани со вирусот Ковид-19, починати се 218.010 лица, а излечени се 956.064 пациенти.

Поврзани новости