Расте веројатноста за нуклеарен армагедон, пишува Дугин

by Фокус

Рускиот философ и идеолог на Кремљ, Александар Дугин, во текст објавен на порталот „Царград“ (Tsargrad) заговара мобилизација во Русија и најавува голема војна помеѓу Западот и Русија.

-Ние сме на работ на трета светска војна, во која Западот опсесивно не турка. Тука веќе не се работи за страв или исчекување, тоа се факти. Русија е во војна со колективниот Запад, со НАТО и неговите сојузници (иако не со сите – Турција и Грција имаат свој став, а голем број европски земји, пред сè Франција и Италија, но не само тие, не сакаат активно да учествуваат во војната со Русија). А сепак заканата од трета светска војната е сè поблиску – пишува Дугин во првиот текст објавен по смртта на неговата ќерка Дарја, која загина пред еден месец при експлозија на автомобил.

Тој во текстот предупредува и дека постојано расте можноста од употреба на нуклеарно оружје.

-Дали ќе се користи нуклеарно оружје е отворено прашање. Но, веројатноста за нуклеарен армагедон расте секој ден. Сосема е јасно, а многу американски воени лидери отворено го прокламираат, Западот повеќе нема да биде задоволен дури и со нашето целосно повлекување од територијата на поранешна Украина, тие сакаат да не уништат на наша почва, инсистирајќи на „безусловно предавање“ (Јенс Столтенберг), „деимперијализација“ (Бен Хоџис), распарчување на Русија – тврди Дугин.

Поврзани новости