Расте бројот на заразени од корона вирус во Косово, бројката се искачи на 250 лица

by Fokus

Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) информира дека во текот на вчерашниот ден се потврдени нови 23 случаи на заразени од новиот корона вирус, со што официјалната бројка на носители на Ковид-19 во земјата достигна до 250, јави дописникот на МИА од Приштина.

Од новозаразените, 18 лица се од општина Урошевац, двајца од Витина и по еден од Генерал Јанковиќ, од Призрен и од Приштина.

Во лабораторијата на Институтот вчера се испитани примероците на 189 лица за кои постоело сомневање дека се можни носители на вирусот, а вкупната бројка на тестирани од 8 февруари, заклучно со вчерашниот ден, изнесува 2.876.

Во синоќешниот извештај на ИШПК се наведува дека во петокот се потврдени 14 случаи на излекувани од Ковид-19, со што вкупната бројка на лица кои ја пребродиле заразата достигна до 52.

Вчера не е регистриран ниту еден нов смртен случај, така што официјалната бројка на жртви на заразата во Косово и натаму е седум.

Поврзани новости