585
Во Словенија се потврдени 33 нови случаи на лица заразени со корона вирусот, што претставува намалување во однос на вчерашниот ден. Со последните, вкупниот број инфицирани лица во земјата сега изнесува 1.124.
На болничко лекување поради Ковид-19 се наоѓаат 108 пациенти, а од нив 34 се на одделите за интензивна нега.
Во изминатите 24 часа оздравени и отпуштени од болница се осум лица.
Бројот на починати поради корона вирусот се зголеми за три. Досега во Словенија се регистрирани вкупно 43 смртни случаи како последица од вирусот. Најголем дел од починатите се лица постари од 65 години кои имале дополнителни болести.