518
Албанскиот премиер Еди Рама попладнево прошетал на неколку улици и пазари во Тирана да ја провери ситуацијата и да ги советува граѓаните да не излегуваат од дома.
Тој на Фејсбук напиша дека пензионерите се голем проблем, а од објавените фотографии се гледа како на дел од нив им се обраќа и им објаснува.
„Денеска бев на неколку пазари во Тирана, каде состојбата беше многу позитивна. Проблем се пензионерите кои излегуваат од дома, што е забрането, бидејќи опасноста да се заразат од коронавирус кај нив е најголема. Максимално почитување на препораките и мерките! Трпение, трпение, трпение“, напиша Рама.