Пукотници на семејна веселба во Гостивар

by fokus

Доцна утрово било пријавено пукање со огнено оружје во Гостивар на семејна веселба. Лицето кое пукало било задржано во полициска станица и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

„На 23.05.2019 околу 04.40 часот вo Секторот за внатрешни работи Тетово било пријавено дека на семејна веселба во двор од куќа на улица „ЈНА“ во Гостивар имало пукање со огнено оружје. Полициски службеници излегле на местото и од слобода го лишиле Д.Ј.(35) од Гостивар, за кого постои сомнение дека пукал и од него било одземено оружјето и пет куршуми. Д.Ј. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.

Поврзани новости