Прв случај на заболен од корона вирус во Кичево

by fokus

Прв случај на заболен од корона вирусот во изминатите 24 часа е регистриран во Кичево.

Ова може да се забележи од денешната статистика на заболени, кој ја објави Министерството за здравство.

-Во изминатите 24 часа се потврдени 54 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје-13, Куманово -25, Штип -1, Прилеп -10, Тетово -1, Велес -2, Гостивар -1, и Кичево -1, велат од министерството.

Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 908 лица, од кои 44 починаа, а 86 се излечени.

 

Поврзани новости