Просечната возраст на заразени од корона вирусот во август, во Грција, се спуштила на 36 години

by fokus

Просечната возраст на оние кои во август се разболеа од корона вирусот се намали на 36 години, напиша министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас на неговиот официјален „Твитер“ профил, упатувајќи порака до младите, јави дописничката на МИА од Атина.

-Опасноста на корона вирусот е леснотијата со која се пренесува. Ова се случува дури и ако си млад и мислиш дека си непобедлив. Просечната возраст на оние кои се разболеа во август веќе се спушти на 36 години, напиша Кикиљас, споделувајќи ја пораката „Немој да станеш жариште на ширењето, остани на растојание и заштити ги од коронавирусот твоите сакани и ранливите групи“.

Поврзани новости