Пронајдена почината старица во својот дом

by Fokus

Седумдесет и двегодишна старица пронајдена е почината во својот дом во Скопје, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 13,17 часот во Скопје, на улица „Маџари 2“ пронајдена е почината С.С.(72). Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана е смрт. Извршен е увид на местото на настанот, по наредба на Јавен обвинител над телото на починатата ќе се врши обдукција.

Поврзани новости