Приврзаниците на Бајден слават победа, оние на Трамп протестираат за резултатите

by Фокус

Приврзаниците на демократскиот кандидат Џо Бајден, започнаа да слават на улиците во Филаделфија, додека приврзаниците на Доналд Трамп продолжуваат да протестираат, јавија американските медиуми.

Околу 200 приврзаници на републиканскиот претседател Трамп се собраа пред избирачките места во Феникс и Детроит, каде сè уште се бројат гласовите. Тие изразија сомневање во точноста на изборните резултати.

Во Филаделфија, пак, граѓаните излегоа на улиците по веста дека демократскиот кандидат Џо Бајден води во Пенсилванија.

Во Детроит, демонстрантите пред Центарот за пребројување извикуваа: „Престанете да крадете“. Некои носеа транспаренти на кои пишуваше: „Ајде повторно да ги направиме изборите фер“ и „Го сакаме Трамп“.

Полицијата ги огради улиците што водат кон центарот. Иако протестите не се ниту насилни ниту масовни, локалните власти се загрижени за обвинувањата.

Поврзани новости