Приватните превозници пред Град Скопје, бараат средба со Арсовска

by Fokus

Приватните превозници „Слобода превоз” и „Макекспрес” денеска се собраа пред Градот Скопје.

Тие бараат средба со градоначалничката на Градот, Данела Арсовска, а целта е како што додаваат, да постигнат договор за исплата на заостанатата плата.

Превозниците порачаа дека во моментов во Скопје ниту една приватна линија не вози но, доколку веднаш се договорат за исплата на долгот, уште денеска ќе продолжат со работа.

Фото – Сител ТВ

Поврзани новости