Пријавен наставник од ОУ „26-ти Јули“ затоа што шамарал ученик

by fokus

Наставник од основното училлиште „26-ти Јули“ во Шуто Оризари, е пријавен во полиција затоа што физички нападнал 12-годишен ученик. Како што велат од Министерството за внатрешни работи, настанот го пријавил таткото на ученикот.

Според пријавата 50-годишниот З.К. кој работи како наставник во училиштето, го удрил детето во лице, со што, велат од таму, му нанел видлива повреда во вид на црвенило од левата страна на образот.  Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости