Откриен човечки труп во шахта кај „Сончев град“

by fokus

Полициската станица во Кисела Вода вчера добила дојава дека е откриен човечки труп во распаѓање во шахта на локацијата „Сончев град“ во скопското село Сопиште.

Телото е откриено при изведување на градежни работи. Од полицијата констатирале дека е во напредна фаза на распаѓање.

Од таму додаваат дека се работи на идентификација на телото. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција.

Поврзани новости