Уапсена мајката на малолетен дилер од Гостивар зашто ги нападнала полицајците кои го привеле

by fokus

Мајка на 17-годишен дилер од Гостивар застанала во негова одбрана во полициската станица откако полициски службеници го привеле. Таа вербално и физички ги нападнала полицајците поради што била уапсена и задржана во станицата за понатамошна постапка.

Како што велат од полицијата, 17-годишникот  бил приведен вчера попладне поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“

Кога пристигнале во Полициската станица, 36-годишната Н.Н. од Гостивар, мајка на малолетникот, почнала да ги омаловажува и да им се заканува на полициските службеници, а во еден момент се обидела да удри еден од нив. По нејзиното апсење за настанот бил известен Јавен обвинител.

Поврзани новости