Претставници на ВМРО ДПМНЕ се сретнаа со Северноатлантскиот совет на НАТО, ветиле поддршка за законите важни за иднината на земјата

by fokus

ВМРО ДПМНЕ денеска соопшти дека претставници на партијата (потпретседателот на партијата Владо Мисајловски и пратениците Никола Мицевски и Благица Ласовска) вчера се сретнале со амбасадорите од Северноатлантскиот Совет кои заедно со генералниот секретар на НАТО Столтенберг беа во дводневна посета на Скопје, каде одржаа состанок.

На средбата се разговарало за актуелната политичка и економска состојба, како и за евроатлатските  позиции на Република Македонија.

Претставниците на партијата го истакнале ставот дека приоритет е патот кон евроатлатската интеграција на Република Македонија, но со критики дека актуелната влада најмалку придонесува за евроатлатските интегративни процеси. Пратениците ветиле дека ВМРО ДПМНЕ ќе ги поддржи сите законски решенија кои ќе бидат од значење како за граѓаните, така и за иднината на земјата.

Поврзани новости