Пожарникар загинал при гасење на пожар во Канада

by Fokus

Пожарникар кој гаснел пожар во канадската провинција Британска Колумбија загина во петокот, со што бројот на загинати пожарникари во Канада годинава се искачи на четири.

Како што јавија денеска локалните медиуми, пожарникарот кој загинал е 25-годишен маж од Онтарио кој го гаснел пожарот во Дони Крик.

Тоа е најголемиот пожар што некогаш бил регистриран во историјата на Британска Колумбија кој почна на 12 мај и се очекува да гори до зима.

Поврзани новости