Дваесет и четиригодишно момче со автомобил излетал од патот, тешко е повреден

by Fokus

Дваесет и четиригодишно момче од Велес со автомобилот излетало од патот и се здобило до тешки повреди.

Полицијата објави дека несреќата се случила на магистралниот пат Штип-Велес, а момчето управувало „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки.

Т.М.(24) излетал надвор од коловозот. Во несреќата се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје“, велат од МВР.

Извршен бил увид.

Поврзани новости