Затвореник на викенд отсуство се шетал со пиштол низ Штип

by Fokus

Затвореник од Кочани, кој бил осуден на 18 години затворска казна, користел викенд отсуство и се шетал со пиштол и куршуми.

Полицијата го привела на булеварот Гоце Делчев во Штип со автоматски пиштол „шкорпион“ и 21 куршуми калибар 7.65 милиметри.

Како што објавија од МВР, се работи за 51-годишен кочанчанец со иницијали В.И..

„Лицето во моментот издржува казна затвор во траење од вкупно 18 години во КПУ Куманово, а користел викенд отсуство“, велат од МВР.

Најавуваат дека за случајот ќе биде поднесена кривична пријава.

Поврзани новости