Пожар избувна во затворот „Идризово“, нема повредени

by fokus

Предмалку, во затворот „Идризово“ избувнал пожар, кој го зафатил приемното одделение. Оваа информација за „Фокус“ ја потврди Јовица Стојановиќ, директорот на Управата за извршување на санкции, а според неговите првичните информации во пожарот нема повредени.

-Сега одам во затворот „Идризово“. Ми јавија дека имало пожар па да видам што точно се случило. Според информациите кои ги добив нема повредени, ни изјави директорот Стојановиќ.

Пожарот најпрвин ја зафатил кровната конструкција, а според неофицијални информации настанал поради застарена електрична инсталација.

Поврзани новости