Повторно се зголемува бројот на заразени во Дебар, нови 8 случаи

by fokus

Повторно повисока бројка на новозаразени лица со Ковид-19 се регистрани во Дебар по неколкудневното затишје, кога немаше новозаразени или само по еден или два случаи.

Во последното деноноќие Ковид-19 е дијагностициран кај осум лица или вкупно 38 случаи во овој месец. Ист број на новозаболени беа регистрирани и на 8 август, додека најмногу новозаболени или 10 имаше на 1 август.

Тоа значи дека во просек дневно се регистрирани по околу 1,6 новозаразен.

-Причина за тоа се масовните собирања и непочитувањата на препораките за заштита од опасниот вирус, како во угостителски објекти, на плажите на Дебарско Езеро,така и во домашни услови, каде има групирање заради разни поводи. Апелираме да се избегнуваат собирања и строго да се почитуваат препораките за одржување физичка дистанца, носење заштитна маска и одржување на хигиената, апелираат од општинскиот оперативен штаб.

Во текот на овој месец регистрирани се и голем број оздравени, најмногу на 14 август – 60 во едно деноноќие.

Во овој месец починале двајца пациенти, на 1 и 9 август или осум од почетокот на пандемијата.

Според надлежните, од крајот на февруари, кога болеста се појави во ова подрачје, од направените околу 1200 тестови, позитивни се 236, дури 90 отсто од нив во Дебар, а останатите во општина Центар Жупа.

Од вкупниот број заразени лица досега, во списокот на оздравени се впишани 152, додека активни на болеста се 76, поголемиот процент со лесна форма на болеста.

Поврзани новости