Повторно пораст на заразени од Ковид-19 во Италија, регистрирани нови 1.462 случаи

by fokus

Италија забележа најголем пораст на бројот на новозаразени од корона вирусот на дневно ниво од мај оваа година, откако во текот на изминатите 24 часа регистрирани се нови 1.462 случаи. Починале уште 9 лица.

Министерството за здравство наведува дека најмногу заболени, 316 од нив се забележани во Ломбардија, регионот кој беше најтешко погоден од пандемијата во Италија.

Досега вкупно се заболени 265.409 лица. Забележани се речиси 35.500 смртни случаи, пренесува агенцијата АП.

Претходно во текот на пандемијата просечната старост на заразените во Италија била околу 70 години, а минатата недела е забележана просечна старост од 29 години. Најмногу случаи се регистрирани кај патници кои се враќаат од одмор.

Поврзани новости