759
Повеќе од 100 земји го поддржаа повикот на Австралија да се спроведе независна истрага за потеклото на Ковид-19.
Министерката за надворешни работи на Австралија, Марис Пејн, ја поздрави меѓународната поддршка за независна истрага за пандемијата и истакна дека целта на истрагата е меѓународната заедница, со соработка, подобро да се подготви за борба против следната пандемија.
Австралискиот премиер Скот Морисон наведе дека иницијативата на Австралија нема за цел да обвини која било земја.
-Тоа е искрено прашање со искрена намера и искрен мотив, изјави Морисон.
Досега повеќе од 100 држави дадоа поддршка на иницијативата за независна истрага.