Помпео: Мерките на СЗО доведоа до „смрт на Британци“

by fokus

Мерките што Светска здравствена организација (СЗО) ги презеде за време на пандемијата со новиот коронавирус доведоа до „смрт на Бртитанци“, изјави вчера американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Помпео на вчерашната приватна средба со британските пратеници истакнал дека СЗО е претворена во „политички “ орган, што носи одлуки во договор помеѓу генералниот директор на Организацијата, Тедрос Адханом Гебреисус и Кина. Американскиот државен секретар истакна и дека Гебреисус станал директор на СЗО со помош на Пекинг.

– Кога ножот дојде до коска, кога дејствувањето на СЗО беше од најголемо значење, луѓе умираа поради склучениот договор, истакна Помпео.

СЗО ги отфрла обвинувањата од страна на Помпео и упати апел до државите да останат фокусирани на справувањето со пандемијата.

Поврзани новости