Полицијата поднесе кривична пријава за журката во дискотеката „Аватар“

by fokus

Од СВР Струмица информираат дека до обвинителството ќе достават кривична пријава за дискотеката „Аватар“ и одговорното лице, 45-годишниот И.В, поради журките кои ги организирале, а со кои не се почитувале мерките за заштита од корона вирусот.

Во соопштението на СВР Струмица се наведува дека на 18 јули на профил креиран на социјалната мрежа „Инстаграм“, кој го користи пријавениот правен субјект, било објавено дека истата вечер во нивни угостителски објект ќе настапуваат естраден уметник и музичка група.

-Од преземените мерки и обезбедените докази било утврдено дека правното и одговорно лице дозволиле во времето од 21:00 до 01:00 во објектот да се одржи настап на естрадниот уметник и музичката група, воедно дозволиле и присуство на неограничен број гости кои биле послужувани на шанк и стоечки маси, со што постапиле спротивно на Протоколот за отварање и работа на кафетериите, а кој протокол произлегува од Планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот, стои во соопштението на СВР-Струмица.

Поврзани новости