Починати тројца пациенти од Ковид-19, на возраст од 53, 60 и 72 години

by fokus

Во изминатите 24 часа регистрирани се нови 160 заразени од корона вирусот, но и тројца починати пациенти.

-Двајца од починатите се од Скопје (60 г. и 72г.) и една пациентка од Гостивар (53 г.). Сите пациенти се починати во болнички услови, информираат од Министерството за здравство.

Оттаму додаваат дека Институтот за јавно здравје регистрира 368 оздравени пациенти од: Скопје-117, Куманово-34, Дебар-60, Штип-18, Прилеп-5, Тетово-32, Кавадарци-5, Гостивар-42, Гевгелија-2, Струмица-13, Крива Паланка-9, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-2, Пробиштип-3, Македонски Брод-1, Берово-1, Виница-1, Свети Николе-16, Кичево-1, Ресен-1, Неготино-3.

Поврзани новости